Жена прегазена во Скопје

Жена се здобила со тешки повреди откако била удредна од автомобил БМВ управуван од И.Н.(30) од с.Бојане.

Несреќата, информира полицијата, се случила влера во 13 часот на улицата „Ферид Мурати“ во Скопје кога автомобилот удрил во пешакот Р.Б.(63) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Р.Б., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.