Жена на прозорец во опожарената зграда моли за спас

Една повозрасна жена сѐ уште се наоѓа во својот стан кој е над опожарениот во населбата Кисела Вода на улица ,,Народни херои“ број 23, пишува ако.мк.

Таа не може да се симне низ скалите бидејќи целиот влез и ходникот се со густ чад.

Спас бара на прозорецот од купатилото.

Пожарникарите веќе евакуираа неколку деца, а сега се во спасувачка мисија на оваа жена.