„Жена ми се вика Борис“ премиерно во Театар Комедија

„Жена ми се вика Борис“ во режија на Синиша Евтимов е новата премиера на Театар Комедија. Претпремиерата е закажана за денеска, а премиерата за в петок, 22 декември. Претставата ќе се одигра и в сабота, 23 декември.

„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чии текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени ширум светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо.

Неговата провокативна лиценца поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме.

Комедијата „Жена ми се вика Борис“, со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“ доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија: Проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото, се вонвременски.

Приказната се врти околу едни сопружници Алек и Марија Топкареви, навидум нормален пар. Тие се обидуваат да го продадат станот во кој живеат…

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мими Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска.