Великодушна, театрална, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна, љубезна, лојална, чесна, темпераментна, горделива, полна со живот, родена лидерска...

Таа е ЛАВИЦА!

Со овој хороскопски знак владее Сонцето, средиштето на Универзумот и во склад со тоа, Лавицата обожава да биде во центарот на вниманието и тоа секогаш и оди од рака. Кога е лута, најлесно ќе ја смират комплименти и подароци. Има силен дух и сака да победува, а благодарејќи на својата интелигенција, досетливост и креативност – нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Врски

Независна и со изразена индивидуалност, Лавицата бара партнер кој и самиот ги има овие карактеристики. Не и треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да и дозволи таа да блесне со сиот свој сјај. Во врската сака секогаш да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да промени нешто и да ги направи работите малку подраматични.

Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец, Ваги и Овен.

Пријателство

Благодарејќи на својата топла личност, магичната енергија, ентузијзамот и полетноста, жената Лав ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријателите неретко и се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да ги разгалува своите пријатели. Никогаш нема да изневери пријател и секогаш ќе биде покрај своите блиски и ќе им прости се освен предавство.

Изглед и стил

Густата и нескротлива коса како гривата на лавот, изразени црти на лицето, големи и топли очи, широко чело, напрчено носе и мали уши се физичките карактеристики по кои е препознатлива Лавицата. Највеќе се гордее со својата густа коса која најчесто е или руса или црвена.

Жената родена во овој хороскопски знак најчесто е висока и има долги нозе и елегантно држење. Секогаш делува уредно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украсува со накит и други модни додатоци, а ја сака и жолтата и портокаловата боја.

Сака да се истакнува во жолта и портокалова боја, но бојата која ќе ја катапултира во центарот на вниманието е златната боја, епитом на се што Лавицата сака и претставува: топлина, луксуз, театралност, посебност, воодушевување. Секогаш сака работите кои ги носи да се со најдобар квалитет, а кај нејзе не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои ги немаат другите.

Реткост е да ја видите сама во шопинг. Таа секогаш оди со пријателките кои не и се толку потребни за совет колку што сака да и даваат комплименти. Во кабината за пробување задоволно ќе се гледа во огледалото од сите страни, а пофалби за нејзиниот изглед и избор ќе доаѓаат од сите страни.