Жена која се водела за исчезната од Нова година, се пријавила на преминот „Ќафасан“

25-годишна жена од тетовското село Селце, која од 1-ви јануари била пријавена како исчезната, пред два дена се обидела да влезе во земјава преку граничниот премин Ќафасан

Жената била пријавена за исчезната, односно дека се оддалечила од домот, на првиот ден од новата година. Пријавувањето го извршил нејзиниот 41-годишен сопруг.