Жена и маж уапсени на скопскиот аеродром

Две апсења на Аеродромот Александар Велики во текот на вчерашниот ден. 52-годишната М.М. од Битола која евидирала со мерка Апси, вчера била приведена на аеродромот и предадена на полцииски службеници во 18 часот и 5 минути.

Исто така, вчера во 19 часот на Аеродромот Александар Велики, при пасошка контрола било констатирано дека 57-годишниот  С.С. од Скопје евидира со мерка „Апси“.

Истиот е приведен и во 20 часот и 40 минути е предаден на полициски службеници од полицијата Гази Баба за понатамошна постапка.