Жена Девица: Грижлива, скромна и практична

Жената родена во знакот Девица се перфекционист по природа, таа се труди да поправи се околу себе, а се опушта кога е сакана и е во врска полна со љубов и внимание. Оваа грижлива, скромна и практична жена е личност на која секогаш можете да и верувате.

Пред да се заљуби, таа прво ќе се уплаши. Прво е срамежлива и за неа почнувањето врска е навистина страшно. Таа сака да ги освојува мажите, но и да ги натера тие секогаш да го направат првиот чекор. Тоа и овозможува да се чувствува привлечно и женствено.  Некои Девици се во состојба силно да ги рационализираат работите до точка во која можат да му пријдат некому, па дури и да флертуваат, но не се премногу директни. Таа сака да се заљуби во личност која е силна и полна со самодоверба.

Жената Девица е толку скромна така што не е премногу свесна за својата сензуална страна и сексуалност. Тоа можеби и е многу привлечно за некои нејзини партнери. Таа никогаш не зборува за својот сексуален живот пред други луѓе и со мажите сака да се поврзе емотивно, а не само физички.

Во врската е многу посветена -  готви, се грижи, купува подароци. Не можете да ја запрете. Сака да им биде од помош на другите, но многу често сака да работи сама бидејќи смета дека некои работи таа ги знае најдобро. Тоа е така бидејќи практичноста и перфекционизмот се нејзина силна страна.

На оваа жена можете целосно да и верувате. Таа е премногу паметна за да открие било каква тајна или пак да биде неверна кон партнерот. Сепак, знајте дека неа не и е потребен никој за да се чувствува целосна и љубовта и е важна само ако и носи дополнителна вредност во животот.

Таа е грижлива, скромна, практична и предадена и способна да поправи се што е скршено. Ова е жена која постојано сака да помага и да ги прави среќни другите околу неа. Често, знае да се занесе во љубовта и да биде повредена, но мошне брзо го врти грбот и си заминува.

new nike air max 2019