Балканската музичка ѕвезда и кантавтор Жељко Јоксимовиќ на 11 ноември ќе одржи концерт во Скопје. Минатата година тој одржа четири концерти во Македонскиот народен театар со музичкиот проект „Два света“, кога на сцената го придружуваа повеќе од 40 музичари, а тој пееше преработки на стари југословенски и светски хитови.

Овој концерт ќе се одржи Вип арената „Борис Трајковски“, а Жељко ќе отпее некои од своите најголеми хитови како „Љубави“, „Није љубав ствар“, „Лане моје“, „Девојка“ и но и песните од неговиот последен албум.

Билетите се веќе пуштени во продажба, а чинат помеѓу 600 и 1.500 денари.