Железничка несреќа во Скопје: Две лица тешко повредени

Три лица се потешко повредени во две сообраќајни незгоди од вкупно 10 што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.

Во железничка незгода која вчера се случија во близина на населбата Визбегово тешко е повреден сопатник во возило, додека возачот се здобил со телесни повреди, информира МВР во сообраќајниот билтен.  Во текот на вчерашниот ден на улиците во Скопје со тешки телесни повреди се здобил и еден велосипедист.

Во четири сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во четири незгоди е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 32 возачи кои не ги почитувале ограничувањето на брзината, двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и кои се исклучени од сообраќај, пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и кај 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и 16 пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафор. Затекнати се и 45 непрописно паркирани возила.