Зградите низ Скопје вчера светнаа во сино

Голем број објекти синоќа и во текот на денешниот ден ќе бидат осветлени во сина боја во чест на 30. годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата од ООН , што се одбележува како Светски ден на децата. Во сино синоќа беа осветлени зградите на Владата, Собранието, ТАВ Македонија со Меѓународниот аеродром Скопје, Министерството за образование и наука, Археолошкиот музеј, Музејот на македонската борба, Амбасадата на Италија и други објекти.

20 ноември се одбележува како Светски ден на детето по повод потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.