Зградата на булевар „Илинден“ 83 обоена во портокалово (фото)

Зградата на булевар „Илинден“ бр. 83 блесна во нов лик и нови бои. Новата енергетско-ефикасна фасада, во договор со жителите, е во сиво-портокалови бои, велат од Општина Центар.

Оваа зграда, со површина од 2 135 м2, е деветтта по ред која ја реконструира општина Центар, а како и за сите досегашни фасади, се задржа автентичниот архитектонски изглед.

„Оштетената фасада, која не беше реконструирана речиси 60-тина години, од која паѓаше малтерот и цели делови, сега е енергетски ефикасна, а сметките за струја за граѓаните ќе бидат пониски за 1/3. Наскоро ќе биде готова и десеттата фасада, која се работи на зградата на ул. „Иван Милутиновиќ““, се наведува во соопштението.