За среќа, постојат многу природни начини за зголемување на лачењето на овој хормон во нашиот мозок.

Серотонинот, попознат како хормон на среќата влијае на нашето расположение, однесување, апетит, варење, сон, памтење, но и сексуална желба.

За среќа, постојат многу природни начини за зголемување на лачењето на овој хормон во нашиот мозок.

Храна

Конзумирајте месо, јајца и млечни производи

Одете на масажа

Масажата придонесува за зголемување на лачењето на овој хормон и за 30 % намалување на лачењето на кортизол (хормонот на стресот).

Б витамини

Земањето од овие витамини може во значителна мера да го подобри расположението, преку зголеменото лачење на овој хормон.

Сонце

Секогаш кога минувате време на сонце, вашиот мозок го зголемува лачењето на овој хормон.

Магнезиум

Додадете магнезиум во вашата исхрана преку додатоци или храна која е богата со магнезиум како рибата, бананите, гравот и зелениот зеленчук.

Бидете позитивни

Едноставно е! Најдете ги оние работи кои ве прават среќни и практикувајте ги почесто.

Помалку шеќер

Зголеменото конзумирање на белиот шеќер може да доведе до „кризи“ во расположението.

Физичка активност

Честата физичка активност во голема мера придонесува за зголемено лачење на овој хормон и зголемување на неговите нивоа.

Витамин Ц

Некои истражувања покажуваат дека витаминот Ц го поттикнува неговото лачење и делува како природен антидепресант.