Зголемената акциза на нафта ќе го полни буџетот, но ќе го празни џебот на граѓаните

Зголемената акциза на нафта ќе го полни буџетот, но ќе го празни џебот на граѓаните. Економските аналитичарите што ги консултираше Сител, различно ја толкуваат мерката за зголемување на  акцизата од 3,5 денари од Нова година.

За Фатмир Битиќи ова е доказ дека Владата нема сериозен план како да ги намали непродуктивните трошоци, и носи мерки кои вештачки ќе покажат помал дефицит.

Горан Рафајловски од друга страна вели дека мерката нема да предизвика серизно зголемување на цените, но ќе ја подобри кондицијата на буџетот.

Освен приливот од околу 30 милиони евра нови пари во буџетот, мерката предлагачот ја претстави и како еколошка со оглед на загадувањето што го носи дизелот. Но, Рафајловски вели дека за почист воздух ова не е доволно.

За Битиќи спорен е и начинот на кој е соопштена мерката, и покрај најавите за транспарентност и вклученост на сите засегнати при носењето важни одлуки.

Со мерката освен дизелот, ќе поскапи и мазутот и екстра елсното масло за домаќинство.