Зголемена побарувачка за магарешко млеко, еден килограм и до 50 евра

Органското сточарство покрај здравото производство, има за цел и зачувување на автохтоните раси на домашни животни. Магарињата некогаш биле влечна работна сила, а денес стануваат дел од органското сточарство.

Фармите со магариња се уште се ретки на Балканот, иако еден од најбараните производи е магаерешкото млеко, кое пред се има лековито дејство кај бронхијалните болести, но влијае и на зајакнување на имунитетот.

- Се случува понекогаш чистата добивка да биде сто евра месечно, некогаш се случува да биде и 500-600 евра месечно. Се зависи од тоа како се трудите да го продадете млекото, но секако, зависи и од побарувачката од млеко на пазарот, вели фармер, кој одгледува магариња

Тој додава дека продаваат магарешко млеко, а имаат и помало производство на сапун од ова млеко.

 Колку чини литар магарешко млеко зависи каде го купувате. Цената се движи од 30 до 50 евра по литар.

Магарињата се животни за кои има многу предрасуди, а всушност се исклучително подобни за чување и се голем пријател на човекот. Магариците дневно не даваат повеќе од половина литар млеко, а често и помалку. Ова е и причината зошто тоа млеко е толку скапо.

Млекото од магарица може да се замрзне и да се чува во фрижидер без да се намали неговата биолошка вредност. Магарешкото млеко е сосема природен органски производ и по молзењето на фармата се филтрира низ стерилна газа и се замрзнува. Има слаткаст вкус, ниска содржина на лоши заситени масти и висок процент на омега 3 и омега 6 масни киселини. Богато е со калциум, магнезиум, фосфор, цинк и калиум. Лизозимите и лактоферините од млекото влијаат на изградба на имунитетот и се природни антибиотици.

Млекото ги лекува или ги ублажува симптомите на астма, кашлица, бронхитис, воспаление на црева, алергии, кожни болести, а значително влијае и врз зголемување на имунитетот. Се препорачува и за новороденчиња наместо замените на мајчиното млеко со млеко во прав или други видови на млеко, особено за децата кои се алергични на млеко. Непреработено се користи и во козметиката за лекување на егземи, псоријази и за разубавување како ладна маска за кожата.

Магарешкото млеко се користи исклучиво термички необработено. Какво било загревање ги уништува неговите својства. Дневно се пие по еден децилитар, во повеќе наврати.

Експертите велат дека за органското чување на животните многу е важен односот кон нив. Како се третирани животните најдобро се гледа кога во фармата ќе влезат непознати луѓе. Ако тогаш се мирни и питоми, значи дека сопственикот кон нив се однесува баш како што треба.

 

cheap nike free run 5.0