Зголемен бројот на доктори на науки, повеќето се жени

Државниот завод за статистика соопшти дека лани со звањето доктор на науки се стекнале 209 лица, што претставува зголемување за 6,1 процент во споредба со претходната година.

Во областа на општествените науки докторирале 47,8 отсто, на медицинските науки 22 проценти, потоа хуманистичките науки со 11,5 проценти, а останатите доктори се во областа на техничко-технолошките, природно-математичките и биотехничките науки.

Лани доктори на науки станале 123 жени, што е 58, 9 отсто од вкупниот број лица кои докторирале минатата година.