Згаснува „Утрински весник“ по скоро две децении работа

По 18 години „Утрински весник“ в сабота ќе го издаде својот последен број.

Во редакцијата на дневниот весник, во вторникот, пристигала наредба од менаџментот за ден-два да ја напуштат сегашната локација во ТЦ„Зебра“ и да ги преселат опремата и канцеларискиот мебел во дирекцијата на „Технометал“ каде и претходно беше сместена редакцијата на овој весник.

Утрински весник беше еден од најслабо продаваните весници на македонскиот пазар.