Земјотресот во Грција почувствуван во цела Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, од ноќеска ја следи сеизмичката активност и регистрира повеќе земјотреси кои се наоѓаат на 550 километри југозападно од Скопје, во соседна Грција во подрачјето на субдукционата зона западно од полуостровот Пелопонез.

Оттаму соопштија дека најсилниот земјотрес се случи во 0 часот и 54 минути и беше со Рихтерова магнитуда од 6.8 степени.

Земјотресот беше почувствуван и на цела територијата на Република Македонија особено на повисоките катови, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението.