Земјотресите не ја уништуваат туристичката сезона во Охрид, туристите не се плашат

Со денови потресите во Охрид не престануваат, а тлото не мирува, но тоа не ја уништува туристичката сезона и не ги плаши странските туристи.

Охридњуз пренесува дека странските турсити уживаат во Охрид.

- Не чувстувам страв воопшто, Во Холандија исто така имаме земјотреси, не се плашиме. Го поминуваме нашето време во Охрид според предвиденото, вчера бевме на планина цел ден, па уморни си легнавме. Се чувствуваме најнормално, изјави туристка од Холандија за Охридњуз.

Инаку, охриѓани и вчера имаа непроспиена ноќ.