Земјотрес утринава го погоди Скопје

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван утринава во Скопје, Илинден Кадино и околните места, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот бил регистриран во 05 часот и 58 минути, со епицентар на 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.