Земјотрес се почувствува во Македонија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во во 23 часот и 37 минути во југоисточна Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 180 километри југоисточно од Скопје, во соседна Грција, со магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала.