Земјотрес ја потресе Македонија

Земјотрес со јачина од 4.1 степен според рихтер пред десетина минути беше почувствуван во Македонија. Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри од Ресен и 8 километри од Јанковец.

Според јавувањата на медиумите земјотрес најмногу се почувстувал во околината на Охрид каде што граѓаните во паника ги напуштиле своите домови.