Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 19.11.2018 година во 05 часот и 47 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 km југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните  делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.