Земјоделците да произведуваат органска храна- се зголемува свеста за тоа каква храна ќе се постави на масата

Македонија заостанува во производството на органска храна. Само 3 % од вкупните произведени количиини се органски.

Како причини за ова експертите пред се ги набројуваат реткото воведување на современи технологии во производството и задржувањето на старите навики и традиции.  Ако набрзо не се преземат конкретни чекори производителите нема да го задржат ниту сегашното ниво.

Луѓето стануваат се позаинтересирани за тоа каква храна ќе постават на трпезата. Пред се дали тоа што го конзумираат е безбедно. Органските производи не содржат пестициди и во производството не се користат вештачки ѓубрива со што се намалува загадувањето на почвите и водите.

Производителите пак велат дека климатските промени се најголем проблем за нив.

Надлежните уверуваат дека дека со зголемената поддршка за аграрот од 160 милиони евра годишно акцентот  ќе биде ставен на органското производство.

Контролите на АХВ покажале дека земјоделците најмногу грешат во начинот на употреба на хемиските препарати. Над 40 отсто од пропустите кои ги регистрирале инспекторите отпаѓаат на тие грешки. Оттаму уверуваат дека редовно ги контролираат и органските производи, особено во делот на означувањето за да не се доведат потрошувачите во заблуда.