Земете здив: Свети Архангел Михаил-Скопје

Свети Архангел Михаил, кај народот позната и по првобитното српско име Храм Славе, се наоѓа во скопската населба Автокоманда. 

Сегашната црква била подигната на темелите на постара црква во 1927-мата година.

Во 2006-тата  е реновиран надворешниот дел на црквата. Карактеристично за Свети Архангел Михаил е мермерниот иконостас, кој бил поставен уште кога се градела црквата.

Многу е  скап  тежок за обработка и затоа  многу ретко се наоѓа во македонските цркви. Специфичен е и релјефот на “Св. Архангел” поставен на надворешниот горен дел, веднаш над влезната врата во црквата. Во составот на црквата се наоѓа и црквениот параклис “Покров на Пресвета Богородица”, каде извира , света и чудотворна вода. Изградена е во средината на 18-сетиот век. Во 1995-та е изградена и осветена мала црковна крстилница посветена на “Светите бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан”.
Во склопот на црквата се наоѓаат и англиските воени гробишта од Првата Светка Војна.