Здружението „Канцерогено општество“ утре излегува на протест

Еден од најголемите причинители за рана смрт е дишење неквалитетен воздух. Јавни дебати околу квалитетот на воздухот во Македонија скоро и да нема.

-Од целата земјина топка, нашите бели дробови го дишат најзагадениот воздух во светот. Зарем мислите дека заслужуваме и зарем мислите дека сме имуни??? Резултатите на политичарите и надлежните институции се видливи за секој од нас. Ајде да покажеме дека не сме Фејсбук револуционери и да се избориме за основното човеково право за здрава и чиста животна средина.Сите заедно да покажеме дека никој не смее да си игра со нашето здравје и да докажеме дека знаеме како сограѓани да се избориме за почиста иднина, велат од здружението Канцерогено Општество кои повикуваат на мирен протест пред Собрание, утре во 13 часот.