Здраво овошје кое го буди организмот

Често забораваме на калинките, но грешиме. Многу од состојките кои ги содржи калинката се неверојатно корисни за нашето здравје.

Една калинка може да содржи до 800 семки, а тие се побогати со антиоксиданти дури и од црното вино и зелениот чај. Освен тоа, богати се со витамин Б, Ц, калциум и фосфор. Освен тоа што го штити организмот од стареење, ги штити и бубрезите и црниот дроб, а е и одличен во борбата против артеросклерозата. Калинките го намалуваат и лошиот холестерол и ризикот од оштетување на крвните жили.

Се препорачува да се пие сок од калинка за време на гриповите и настинките, бидејќи овој сок го јакне имунитетот. Освен тоа, тој ги ублажува и симптомите на стомачен пролив и дијареа.

Ова е одличен рецепт за сок од калинка. Потребни ви се следните состојки: 1 шолја рукола, 1 калинка, 1 лажица маслиново масло и јаболков оцет. Измешајте ги сите состојки во блендер и конзумирајте го овој сок наутро.