Здраво е да спиете по ручекот

Експертите велат дека краткото спиење по ручекот може да делува благотворно на организамот.

Кратката дремка после ручек може да го намали стресот, да го подобри памтењето и да го намали ризикот од срцеви болести. Но, долгото спиење во текот на денот не е толку делотворно и може да го поремети ноќниот сон. Како што наведуваат експертите кои се занимаваат со оваа тема, дремката не треба да биде подолга од час до час ипол и тоа на каучот или на удобна фотеља бидејќи ако се заспие во кревет, тоа доведува до длабок сон.

Експертите од НАСА кои своите истражувања ги спровеле на пилоти и астронаути сметаат дека оптималната должина на попладневниот сон е 26 минути.