Здраво четириесетти, слободно влезете и ве молам бидете подобри од претходните години

Еј животе, доста беше глупирање, јас сега сум сериозна жена, а после сѐ, од тебе заслужив неколку работи:

  • Петта брзина за сите промени, големи и мали

  • Да ми го вратиш сето она што претходните децении ми го одземаа

  • Да бидам сакана

  • Да ми го чуваш моето злато кое го растев и сакав

  • Да го пратам надвор да студира

  • Да бидам сакана.

  • Преку насмевки да ми ги истераш сите брчки околу очите.

  • Да бидам поубава на 45, отколку на 20. Не за ботоксот, да за среќата.

  • Да бидеш поблаг со мене, затоа што немам многу трпение па можам да ти вратам за сите глупости низ кои ме тераше да поминувам. 

  • Да ме пуштиш да одам на патувањето на мојот живот, низ пустините на Австралија или џунглите во Амазон, да се качам на најголемиот врв на моите соништа и да ги допрам ѕвездите.

  • Да пијам вино на улиците на Порто додека слушам фадо.

  • Исто како и во песната, да се потсетам „што беше тоа љубов“.

  • Да се држиме за раце како деца, ние стари дртала.

  • Уште долго да ме служат колковите и колената.

  • Секогаш да имам пари за нова чанта и авионска карта.

  • Да ги преживувам сите лекарски прегледи и мамографот со насмевка

  • Да работам за да живеам, а не да живеам за да работам.

  • Да бидам сакана.

  • Да не ме стегаат новите чевли, туку да ме носат на добри места.

  • Повеќе да се дружиме.

  • Да не ме напушти смислата за хумор.

  • Секогаш да умеам да се шегувам на мојата мака.

  • Да сум помалку саркастична, а повеќе сакана.

  • Да бидам сакана.

  • Да бидам сакана.

  • Да бидам сакана. 

  • Да бидам сакана.

  • Ништо да не нѐ боли.

  • Да не станам веган, да не престанам да се смеам на сите нови глупави трендови.

  • Да дојде оној кој знае што значи да се биде добар маж за време на бура, да каже: „Остави, јас ќе...“, дури и кога знае дека умеам подобро и поради тоа да му бидам верна до гроб.

  • Да бидам сакана.

  • И да сакам онака како што некогаш сум сакала.

Па, здраво четириесетти, слободно влезете во мојот живот! И ве молам, бидете подобри од претходните години.