Здрави бомбици кои го јакнат имунитетот

Брзите и здрави бомбици кои се идеален избор за здрави слатки кои се одличен извор на витамин А, Б и Е кои го јакнат имунитетот, а даваат и одлична заштита од инфекции.

Состојки:

2 дл бадемово млеко (или било кое друго млеко по избор)

2 мали моркови

¼ шолја потпечени бадеми

¼ семки од сончоглед

¼ сушена брусница

¼ суво грозје

¼ кокосови снегулки

4 урми

Овие состојки се за подготовка на 20 бомбици.

Сите состојки измешајте ги во блендер. Потоа, штом смесата е хомогена, ставете ја кратко во фрижидер, а потоа од неа обликувајте бомбици.