Рецепт за здрав и вкусен колач кој чини помалку од 100 денари, а брзо и лесно се прави.
СОСТОЈКИ:
2 портокали
4 јајца
100 гр кокос
ФИЛ
70 гр темна чоколада за готвење
ПОДГОТОВКА:
Портокалите се мијат и се варат два пати по половина час, па кога ќе се оладат се ставаат во блендер со кората.
Јајцата се двојат, белките се матат одделно, а жолчките се матат со 100 гр кокос. Од белките се прави шлаг и потоа се додава во смесата со жолчки.
Се пече 40 минути на 180 степени.