Зборовите кои останаа некажани...

Понекогаш навечер лежам и се прашувам дали се уште мислиш на мене.  Се прашувам дали се уште ја слушаш нашата омилена песна и дали мислиш на мене кога ќе помине покрај кафичот каде излеговме на првиот состанок.

Еднаш ми кажа дека ти недостасувам и не можев да престанам да мислам на тоа. Дали се уште ти недостасувам? Дали се уште мислиш на мене?

Знам дека одамна немаме разговарано и дека се согласивме дека тоа е најдобро, но треба да знаеш дека многу зборови останаа некажани.

Сакам да знаеш дека кога нема да ти одговорам на пораката, тоа е само затоа што знам дека ако почнеме повторно да збориме, јас повторно ќе се заљубам во тебе.

Сакам да знаеш дека често мислам на тебе, многу почесто отколку што сакам да признаам.

Кога ќе ти кажам дека ми недостасуваш, навистина мислам дека ми недостасува твоето лице, ми недостасува да гледам во твоите очи, ми недостасува заедно да пееме на песни, ми недостасуваат нашите телефонски разговори доцна во ноќта и нашите дневни средби.

Кога ќе ти кажам дека те мразам, всушнст мислам на тоа дека го мразам тоа што те нема, мразам што не можам да те погледнам во очи, мразам што не можам да ти се јавам кога работите се лоши и го мразам тоа што не си мој.

Го мислам секој збор што го кажувам, само што тоа не секогаш е целосната вистина.

Вистината е дека повеќе сакам да ме прегрнеш отколку да ме изгубиш. Се што сакам е да бидам стуткана до тебе наместо да лежам сама во кревет мислејќи на тебе. Толку многу пати во текот на денот посакувам да ти се јавам и да ти кажам што ми се случило.

Сакам да ти кажам колку се нервирам што ти ги гледам другарите низ град, затоа што пеколно боли кога нема да ми кажат „Здраво“, затоа што тоа значи дека ме ставиле во минатото, истото место каде што и ти ќе ме ставиш.

Не сакам да бидам дел од твоето минато, сакам да бидам дел од твојата иднина.

Сакам да чујам за се што мислиш и за малите работи кои ти недостасуваат. Сакам да бидам личноста на која и се јавуваш и во најдобрите и во најлошите денови, но знам дека ќе бидам заменета. Не можам да го поднесам тој еден ден кога ти ќе бидеш стуткан до друга девојка, а јас сама во кревет.

Затоа што ми недостасуваш. Пеколно ми недостасуваш.

Еден ден, можеби ќе ти го кажам сето ова, но мали се шансите за тоа затоа што уште си се држам до „Ми недостигаш“, „Те мразам“ и тоа што не ти враќам на пораки. Нашата врска заврши, јас преживеав тоа што те изгубив еднаш и не сум сигурна дали ќе преживеам да те изгубам пак. Затоа и не вреди да ти ги кажам овие зборови кои останаа некажани.