Завршуваат градежните работи за реконструкција на Домот за култура во Кучково

Завршени се  90 отсто  од градежните работи за целосна реконструкција на Домот на културата во с. Кучково.

Со реконструкцијата, која ќе чини 5 милиони денари, Домот ќе добие нова сала за состаноци, простории за амбуланта со чекалница, канцеларија за месната заедница и два санитарни јазли. Поставени се нови прозорци и врати, под и покривна конструкција. Воведена е комплетно нова водоводна и електрична мрежа. Градежните работи ги изведува „Свеан инвест“ ДОО Скопје, соопшти Општина Ѓорче Петров.

„Домот во Кучково беше опожарен уште во 2003 година и со години не беа преземени никакви градежни зафати. Со реконструкцијата мештаните ќе добијат современ објект каде што во иднина ќе може да се организираат разни средби и културни настани, а пред сѐ граѓаните ќе може да се дружат. Се очекува деновиве да се сработат преостанатите работи за партерното уредување, а домот треба да биде пуштен во употреба во втората половина од септември“, се додава во соопштението.