Завршува реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков

Во тек е финалното асфалтирање на едната страна од булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар.

Градежните работи се изведуваат со засилено темпо, а ќе се асфалтира непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на овој дел од булеварот.