Заврши пролетната дератизација во општина Кисела Вода

Финализираше редовната пролетна дератизација која изминатите 20-тина дена се одвиваше на територија на Општина Кисела Вода.

– Постапката за уништување на глодарите опфати 3.863 шахти и во урбаниот и во руралниот дел на општината – информираат од општина Кисела Вода.

Дератизацијата ја спроведе фирмата „Токси Вет“, во соработка со ЈП “Водовод и канализација”, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина.

Локалната самоуправа организира вакви акции двапати годишно, на пролет и есен.