Заврши асфалтирањето на улица 49 во Волково

Заврши асфалтирањето на улица 49 во село Волково.

Со ова локалното население доби уште едно поврзување со сред село  како и линија кон обиколницата од страната на Стопански Двор.

Улицата е во должина од 1 километар и широчина од 3,5 метри. Со ова значително се растеретува сообраќајот на главната улица 101.

Продложуваме согласно предвидената динамика и временските услови, велат од Општина Ѓорче Петров.