Заврши асфалтирањето на Ленинова

Општина Центар го заврши асфалтирањето на вториот дел од улицата „Ленинова“ (Аминта Трети) на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден" до крстосницата со улицата „Орце Николов".

- На овој потег долг 70, а широк седум метри коловозот имаше површинско оштетување кое го отежнуваше нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот и затоа е поставен нов асфалт, велат од општина Центар.

Оттаму најавуваат дека ќе продолжат со реконструкцијата на улицата на потегот од крстосницата со улицата „Орце Николов“ до крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ доколку дозволат временските услови. Во 2016 година е предвидена и обнова на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ до Клубот на пратеници.

Претходно беше реконструиран делот од улицата „Ленинова“ од Градски парк до булеварот „Илинден“.