Зависноста како проблем, една од можните причини за смртта на Александар Захариев

Проблеми со зависност кои се обидувал да ги остави во минатото е една од причините за самоубиството на младиот Александар Захариев.  Веста за смртта на поранешниот градоначалник на Штип попладнево ја потресе македонска јавноста.

Блиски лица на Александар коментираат дека тој бил мирно дете кое секојдневно се борело да ги остави проблемите во минатото и преку спорт да почнее да живее здрав живот.  Во последен период бил затворен, тежок за комуникација и интезивно посветен на фамилијарниот бизнис со кој се занимавала фамилијата.

Изворите за Скопје Инфо велат дека неговото семејство интезивно се борело да го врати Александар на прав пат и навидум изгледало дека успеваат во тоа.

Младо и амбициозно момче кое расчистило со минатото и сега живее среќен и исполнет живот - таков впечаток оставал Александар.

Веста за смртта неговите пријатели и другари утрово ја примиле со неверување и во шок.