Затворен за сообраќај патот од Драчево кај пругата до село Лисиче

Од денеска ќе биде затворен за сообраќај патот од Драчево кај пругата до селото Лисиче, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Прекинот е поради асфалтирање на патот, а активностите ќе траат една недела.