Зашто создавате генерации мрзеливци и неспособни без’рбетници?

Сите навики се сменија, сите вредности се изместија. Сите сме со погледот наведнат и некаде длабоко вкопан во содржините кои се кријат во мобилните телефони. Најинтересен феномен на денешницата се мајките, опседанти се со тоа да изгледаат прави, здрави, совршени дечиња. До граница на посесивност и лудило.

Децата ги праќаат на 100 активност. Знаеш моето дете оди на часови по клавир, одбојка, англиски....Извини, а колку години има? – Па 5.

Работава стана натпревар, кое дете ќе има погламурозна роденденска прослава, кој како се болекол, па дури и дел од наставничките го поттикнуваат ваквото однесување испрашувајќи ги каде планираат да го поминат летниот распуст. И на твоетео дете оди објасни му зошто Ана ќе оди дури на 3 места летово, а ти не можеш да го однесеш ниту до Дојран.

Самите си ги унесреќувате децата, што е прилично тажно кога толку многу се тупате во гради за нивната среќа.

Ги правите децата неспособни со тоа што им ги пишувате домашните задачи, им ги цртате цртежите до ниедно време од ноќта....Децата ви се мрзеливи затоа што не им давате ништо да сработат сами, затоа што потајно си се натпреварувате со другите родители, што немате доволно вид и слух да видите со каков потенцијал располага детето, туку од мали нозе го туркате кон нешто што се покажало успешно и профитабилно во светот.

Ај што децата ви се крајно невоспитани, а вие аплаудирате на ова однесување па дури и го поттикнувате на агресија. Ама има разлика помеѓу цврст став и сопствено мислење и недолично и некултурно воспитување. А, вие сте екперти по второво. Па, уште ги охрабрувате.

Така така сине, порачај ѝ на тоа учителката неписмена кој е тато, да не дојде да ѝ покаже.

Зашто создавате генерации и генерации мрзеливци и неспособни без’рбетници?Тие се иднината на ова општество, а ние се прашуваме зошто е неуспешно и тоне. Па, погледни ја младината и ќе ти стане јасно.