Заштитете се од озборувања и не им дозволувајте на другите да ви пренесуваат озборувања!

Неодамнешните истражувања покажале дека озборувањето на другите луѓе претставува дури 80 проценти од нашите разговори, а морате да признаете дека тоа е поразувачки факт.

Зошто луѓето толку се интересираат што прави нечиј туѓ сопруг, кој колку се здебелил или чии деца се невоспитани?

Психолозите заклучиле дека една од причините за озборување се крие во тоа што на тој начин луѓето се обидуваат да остварат подобри односи едни меѓу други. Всушност се покажало дека заедничкото делење на негативно мислење повеќе ги зближува луѓето отколку нивните заеднички  позитивни карактеристики.

Освен тоа, луѓето чувствуваат одредено возбудување кога некој друг им пренесува нешто во доверба, а тоа нешто се однесува на некој друг. На крај на краиштата, многумина се насладуваат со туѓите неуспеси, односно на тој начин полесно ја поднесуваат сопствената ситуација.

Како да се заштитите од озборувања? Како да се извлечете и да не бидете дел од сплетките, кои ги има насекаде: и на работа и во фризерски салон и на улица...

Меѓутоа, постои решение и запаметете го добро: Следниот пат кога некој ќе почне да ви зборува нешто лошо за друга личност, пресечете го и прашајте: „Зошто ми го зборуваш тоа?“

Оваа фраза можеби делува многу едноставно и просто, но во суштина е многу ефективна:

Прво, ова прашање удира во себичните мотиви на оној кој озборува!
Второ, директно давате до знаење дека не сакате да бидете дел од какво било озборување, прераскажување и сплетки.

Запаметете дека зборовите се навистина моќна работа. Секоја лага, пренесување и ширење дезинформации, не само што и наштетува на личноста за која се работи (директно или индиректно), туку и на оние кои учествуваат во тие сплетки.  Затоа што можеби и вие некогаш ќе бидете озборувани! Мислете и на тоа.

Затоа, следниот пат, едноставно кажете: „Зошто ми го кажуваш тоа?“