По некое време ја учиш суптилната разлика
помеѓу држењето рака и оковувањето на душата
и сфаќаш дека љубовта не значи потпирање
и друштво не значи сигурност.

И почнуваш да учиш дека бакнежите не се договори,
а подароците не се ветувања.

И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази
со крената глава и отворени очи
со елегантноста на жена, а не со тага на дете.

И учиш да ги градиш твоите патишта по сегашноста,
затоа што утрешната земја е несигурна за планови
и иднините имаат начин како да пропаднат на сред лет.

По некое време учиш...
дека дури и сонцето те гори ако премногу стоиш под него.

Па затоа ја садиш својата градина и ја уредуваш својата душа,
наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња.

И учиш дека навистина можеш да издржиш.
Дека навистина си силен.
И дека навистина вредиш.
И учиш и учиш...
Со секое збогум учиш по нешто.

  • Хорхе Луис Борхес