Засадени се нови дрвја во Карпош

Општина Карпош продолжува со раззеленување и засадувањето на нови, веќе развиени дрвја на својата територија. Во таа насока беа засадени нови 50 дрвја во населбите Козле и Карпош 4. Исто така, во овој период беа засадени и 30 - те дрвца, кои неодамна „Пакомак" ги донираше на Карпош, за освоеното трето место за еко - општина.

Во непосредна близина на скалите во Жданец беа засадени 25 дрвца, додека пак,  останатите пет дрвца беа засадени во населбата Тафталиџе 2.

Оваа пролет, на територија на Карпош ќе бидат засадени уште 237 дрвја, со што целосно ќе се заокружи акцијата за зголемување на меѓублоковското зеленило.