Засадени нови 47 дрвја во Карпош

Изминатиов викенд, комуналните служби на Општина Карпош засадија 47 нови дрвја, најголем дел од нив во населбата Козле.

Засадени се 12 дрвја во паркот до детското игралиште во Козле, спроти „Алумина“.

Исто така, 12 дрвја се посадија и позади спомен обележјето на Кузман Јосифоски – Питу, а 15 садници, до детскиот парк во Козле (спроти пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“).

Вкупно 7 садници се засадија до новото детско игралиште во Козле (спроти Пожарната станица), а нова садница дови и урбаната заедница Карпош 4.

Зелената офанзива на Општина Карпош продолжува и во пролетниот период, при што ќе се засадат повеќе од 200 нови веќе развиени дрвја.