Зарем не знам дека сум создаден за радост?

Имам очи за светлина,
за пролетно зеленило, за снежната белина,
за сивилото на облаците и синилото на небото,
за сончевиот сјај на денот,
за светкањето на ѕвездите навечер
и за неверојатното чудо
што постојат толку прекрасни луѓе.

Имам уста за зборови,
за добар збор кој некој друг го очекува.
Имам усни за бакнеж,
раце за да помагаат и да бидат нежни,
нозе за да појдат на пат кон ближниот,
кон оние кои живеат во студ и самотија.
А имам срце за љубов.

Зошто тогаш не сум среќен?
Дали ми се очите затворени, или пак устата полна со горчина,
дали ми се рацете мрзливи, нозете укочени или срцето ладно?
Зарем не знам дека сум создаден за радост?

  • Фил Босманс