ЗАПРЕЖНИТЕ КОЛИ И СКОПЈЕ: За коњот не важат сообраќајни правила!

Запрежни коли се секојдневна глетка низ скопските улици. Натоварени со стара хартија или со пластични шишиња, влечени од изнемоштени коњи, не само што претставуваат грда слика во градот, туку предизвикуваат вистински метеж во сообраќајот.

Ваквите превозни средства, кои некому се извор на егзистенција, се вистинска опасност по улиците затоа што нивните сопственици го загрозуваат и својот и животите на другите учесници во сообраќајот.