Започнува продажбата на влезниците за концертот на PLACEBO во Скопје

Започнува продажбата на влезниците за концертот на PLACEBO во Скопје!

Сосема очекувано постои огромен интерес за концертот на PLACEBO во рамките на СКОПЈЕ ГОРИ кој ќе се одржи на 25-ти јуни на стадионот на АРМ.

Искрено да признаеме, од многу одамна не сме добиле толку голема побарувачка за билети од регионот, како што во моментов имаме за концертот на PLACEBO.

Продажбата е започната и билетите се достапни во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk, како и тикет сервисот eventim.bg.