Започнува екстерното тестирање на матурантите

Екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари годинава, соопштија Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар. 

Според МОН, екстерната проверка е во тој период согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, со која второто полугодие на учебната 2016/2017 година треба да почне на 23 месецов.