Започнува 25-то СП во ракомет - еве го распоредот на преноси

Франција од денеска до 29.јануари ќе биде домаќин на Светското ракометно првенство. Французите ја браната светската круна, на шампионатот на кој фаворити уште се и олимпискиот шампион Данска, односно европскиот првак Германија.

Во Франција, со натпреварот помеѓу домаќинот и репрезентацијата на Бразил, во среда ќе започне 25-то Светско првенство, на кој меѓу 24-те репрезентации учеснички се наоѓа и Македонија.

Македонија во Франција деветти пат во историјата ќе учествува на Мундијалите, а најдобриот пласман го оставри пред две години во Катар кога заврши како деветтопласирана.

Боите на Македонија на Мундијалот во Франција ќе ги бранат: Никола Митревски, Кирил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков.

Македонија натпреварите на Мундијалот ќе ги игра во Б групата, во Мец. Првиот меч со Тунис Македонија ќе го одигра 12.јануари од 17:45 часот, потоа на 14.јануари од 20:45 часот е мечот со Ангола, два дена подоцна од 17:45 часот е пресметката со Словенија, а на 18 и 19.јануари од 20:45, односно 17:45 часот противници на македонските ракометари ќе им бдат Шпанија и Исланд.

Најдобрите четирите репрезентации од секоја група ќе продолжат во групи пласман во осминафиналето, каде ќе вкрстуваат репрезентациите од А и Б, односно од Ц и Д групите.

СП Франција 2017:

Група А: Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија
Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис и Ангола
Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле и Саудиска Арабија
Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина.

Преносот на телевиските екрани ќе го реализира Македонската радио телевизија согласно следниот распоред:

РАСПОРЕД НА ПРЕНОСИ ОД РАКОМЕТНИОТ МУНДИЈАЛ

среда, 11.01.2017
20.45 ФРАНЦИЈА-БРАЗИЛ

четврток, 12.01.2017
17.45 МАКЕДОНИЈА-ТУНИС
20.45 ШПАНИЈА-ИСЛАНД

петок, 13.01.2017
17.45 ГЕРМАНИЈА-УНГАРИЈА

сабота, 14.01.2017
17.45 ШПАНИЈА-ТУНИС
20.45 МАКЕДОНИЈА-АНГОЛА

недела, 15.01.2017
17.45 ФРАНЦИЈА-НОРВЕШКА

понеделник, 16.01.2017
17.45 МАКЕДОНИЈА-СЛОВЕНИЈА
20.45 ШПАНИЈА - АНГОЛА

вторник, 17.01.2017
20.45 ФРАНЦИЈА-РУСИЈА

среда, 18.01.2017
20.45 МАКЕДОНИЈА-ШПАНИЈА

четврток, 19.01.2017
17.45 МАКЕДОНИЈА-ИСЛАНД
20.45 ШПАНИЈА-СЛОВЕНИЈА

петок, 20.01.2017
17.45 ХРВАТСКА-ГЕРМАНИЈА
20.45 ДАНСКА-КАТАР

сабота, 21.01.2017
14.00 или 16.00 17-24.МЕСТО (ако игра МАКЕДОНИЈА)
18.00 1/8-ФИНАЛЕ
20.45 1/8-ФИНАЛЕ (ако игра МАКЕДОНИЈА)

недела, 22.01.2017
14.00 или 16.00 17-24.МЕСТО (ако игра МАКЕДОНИЈА)
18.00 1/8-ФИНАЛЕ
20.45 1/8-ФИНАЛЕ

понеделник, 23.01.2017
13.00 или 15.00 или 18.00 или 20.00 (ако игра МАКЕДОНИЈА)

вторник, 24.01.2017
17.00 или 19.00 1/4-ФИНАЛЕ
20.45 1/4-ФИНАЛЕ

четврток, 26.01.2017
20.45 1/2-ФИНАЛЕ

петок, 27.01.2017
20.45 1/2-ФИНАЛЕ

сабота, 28.01.2017
20.45 за 3.МЕСТО

недела, 29.01.2017
17.30 ФИНАЛЕ