Започнаа подготовките за пречекот на ракометарите на европскиот шампион Вардар (фото)

Денеска  во 11:15 ракометните херои, ракометарите на Вардар ќе слетаат на аердоромот во Скопје, од каде ќе се упатат кон плоштадот Македонија, каде ќе биде централната прослава.

Вчеравечер веќе почна поставувањето на бината, на која денеска ќе се качат ракометарите на Вардар, каде ќе може да бидат поздравени од луѓето, кои се очекува да го преполнат центарот на Скопје.

Инаку, Вардар со голот на Иван Чупиќ во последните секунди од мечот со ПСЖ, стигна до врвот во Европа.