Започнаа обуките за претприемништво и развивање на бизнис вештини

Денеска во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово, Охрид, Прилеп, Штип и Делчево стартуваа обуките за претприемништво и развивање на бизнис вештини кои се дел од програмата Самовработување.

Во обуките кои ќе траат до крајот на јуни ќе бидат вклучени 2076 невработени лица кои аплицирале за да отворат сопствен бизнис. 
За време на овие три месеци ќе бидат спроведени 88 обуки во сите 30 Центри за вработување во земјава, а секој кандидат ќе посети четири дневна обука.

Програмата за самовработување овозможува финансиска поддршка за невработените лица за да започнат сопствен бизнис во висина од 246.000 до 307.500 денари или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника. Грантот се доделува за набавка на нова опрема и материјали.

Според Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2019 предвидена е поддршка за 1070 лица кои успешно ќе ги завршат сите фази од апликација до селекција за учество во програмата Самовработување.